ладен (прил.) - оружје (имн.)

Веќе четири дена како се разгледува тој план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие што имаа огнестрелно оружје ги прегледуваа кремењето, чарковите, капсите, штракаа по десетти или педесетти пат дали работат нозете и петлињата на кремењачките и капсалиите, а тие што носеа секири, балтии, коси, крклизи — го остреа своето ладно оружје со егиња и ги вртеа главите, секој сакајќи да не дојде до употреба на ова нивно „оружје".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го подготвував првото ладно оружје кое го забележав - голема поткршена цигла.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Секој обид за бегство најстрого да се казни тивко и само со ладно оружје.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)