кришум (прил.) - го (зам.)

Се одвоивте од државата но, сепак, кога ви е тешко кришум го повикувате Севишниот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се збираа и тапо го испраќаа крадецот - така кришум го викаа оттогаш па до неговата смрт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додека го собираше килимот, кришум го меркав од сите страни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој нѝ забранува да јадеме сендвичи пред ручек, оти после не сме можеле да ручаме, но ние тоа кришум го правиме, па потоа измислуваме разни причини зошто не сме гладни, или сосила јадеме, ако ептен не можеме да го одбегнеме заедничкото седење крај маса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кришум го гледав момчето, бев ситен и бесполезен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како да сакал да го развлече разговорот во исчекување дека можеби ќе дојдат селаните и ќе ги подберат жените пред себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоел зад попот и кришум го удирал со тупаница по слабини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во јамата, бездруго во јамата, ќе го покриеме со гранки. - Пепелта не станува змија под земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А јас за штрковите ова го знам, и Петко пак кришум го враќа туѓото шише таму кај што беше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се збираа и тапо го испраќаа крадецот - така кришум го викаа оттогаш по до неговата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сето слободно време си го поминуваа во визбата кај Џеки и Белчо, ги канеа со јадење, што кришум го изнесуваа од дома, и се играа со нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И Злата кришум го загледуваше него забалежувајќи и кај него слични промени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)