кришум (прил.) - ги (зам.)

Си ги чува во неговата соба, а јас кришум ги отворам и почнувам да ги читам, но набрзо ги оставам оти ем ги разбирам, ем не ги разбирам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Додека другите деца кришум ги запушуваа своите први цигари и се собираа со ококорени очи да гледаат голи женски тела низ цепнатинките што ги одвојуваа јавните бањи од останатиот јавен живот на Жешов, неговиот живот се сведуваше на дисциплина, на учење и на почит.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Калуѓерите кришум ги подзавртија главите, го искосија погледот за да му го видат рокчето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Клучовите на утрешниот ден се во нашите џебови.“ Беа како џинови во задимената кафеана, луѓето, дури и оние најпијаните, кришум ги гледаа од своите маси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така тој стана нешто различно. Од другите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)