кратко (прил.) - трае (гл.)

Македонецот ни лук јал ни ќебапи мирисал освен кога ќе земеше плата ама и тоа кратко траеше затоа што за 5 дена парите ќе се спичкаа за сметки и основни намирници.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Немајќи кој да му укаже на тоа дека таквите принципи кратко траат: врзани се за определено време, место и околности.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе те именувам бидејќи ги именуваме соништата и оној гибелен лет на ветрот тој злочест двојник твој, па биди името на летот негов на сѐ што кратко трае а сепак низ годините што допре и до нас…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Чудната игра кратко траеше, зашто Јана веќе им се обраќаше на двајцата граѓани притаени во сенката, и сосема неодмерено ги нарекуваше натрапници и платени воајери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)