колку (прил.) - век (имн.)

И бескрајно, колку векови минат ко часој!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци Мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Одвај павташе со крилјата, се влечкаше по небеса. Доаѓаше некаде од дамнините и којзнае по колку века Одново ќе грачи во својот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Така со векови и кој знае колку векови така везден и катаден.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- По колку векови? - реков како да не сум го чул. - По колку векови сѐ ќе се дознае?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)