колку (прил.) - тие (зам.)

А можеби ова е само нешто што како материјал ти треба за кога одиш на нечиј погреб да се потсетиш колку да плачеш, нели, според тоа колку тие некои плачеле кај твојот близок на закопот! Заради реципроцитет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И колку тие да ја сардисаат четата, ти удираат на овчарот Ристета и овој, колку ги видел, почнал да вика: „У ош, ош, ош! Мрчо, Шарко, Лиса, кај ватите бесот да ве вати!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)