колку (прил.) - се (гл.)

Нашите последни барања колку се правилни или не, не земам да ги решавам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„А Партијата вели дека не се четири, туку пет - тогаш колку се?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во едно ќоше од дневната соба забележав повеќе столни лампи со убав абажур и се загледав во нив - Колку се убави секоја на свој начин, ни ниедна не е иста со другите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За друго Петре Даскалот и не му додеваше, но по сметање, го потпрашуваше. На пример, колку се едно и едно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како да се куртулам од нив! (Се крсти. и гледа нагоре.) Господе, господе, господе, ти се молам, господе, избави ме од лукавите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Леле, колку се! Сурија! Цела Топана!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во валчестата шуплина на буката1, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко ми не поверува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Виножито на човечката кожа -Колку се убави капките, како кристали!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Колку се на број твоите чекања кога ќе застане сѐ околу нас?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)