кога (прил.) - сам (прид.)

„Убав мајкин“, рече мама, „се радувам кога слушаш“, и ме бакна, „кога сам се миеш“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Долго си миев заби, си миев коса и се истуширав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дома влегов на прсти и право во купатилото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој се трогна од грижата на оваа мајка и му се утврди вербата дека ќе дојде време кога самиот народ ќе трча за просвета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
СПИРО: Еј, бреј брат Арсо, што тоаф човек си! И отруен човек ќе насмееш. И кога самиот си отруен...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Сега ќе стаса.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)