кај (прил.) - го (зам.)

Од кај им идеше толку глас, господе, кај го собираа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај го водите вака човеков, прашуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам кај го врти разговорот: сака да ми рече дека не е време или дека мене не ми е време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откога го доказа сето сторение негово, Силјан им се молил за и тие да му кажат од кај го познаваат и од кај го виделе, што му ги кажувале грешките како со очи да му ги гледале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Може да лажеа дека некаде, во некое село го виделе кај го водат врзан со синџири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај го виде, браче, вели Уља, како го виде?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами кај го најде, братче Мисајле, велам, што е ова колнатија?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неделкојца Сивеска пак ме прашува. - Кај го виде Неделка, вели, како го виде, мори Велико?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господе, си зборувам, дали го закопаа Дончета Спикоски и кај го закопаа, ако го закопаа, си велам, и ги водам магарето и кравата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)