како (прил.) - прво (прил.)

- Јас, снао, како прво, оставив имот овде... - ќе речеше Илко со поткренат глас да го чуе таа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како прво, не беше сигурен дали е навистина 1984 година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МАТЕЈ: Има да го објасниш принципот. БОРИС: Како прво и прво хигиена. МАТЕЈ: Ја миев косата секој ден.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зголемената комуникација, учество и рационална критичка дебата за вредностите и нормите кога се прави реконструкција на општеството Хабермас ги смета за лек против „патологиите на животниот свет“. 102 Simone Chambers, “The Politics of Critical Theory” in The Cam- bridge Companion to Critical Theory, ed. Fred Rush (Cambridge: Cambridge University Press, 2004), 232. 103 Stiven Best Daglas Kelner, Postmoderna teorija (Skopje: Kultura, 1996), 340. 90 Хабермасовата мошне влијателна дисекција на капиталистичката модерна во процесот на нејзина транзиција од либерален капитализам кон социјална држава може да се проблематизира на повеќе основи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)