како (прил.) - дома (прил.)

Не напуштајте го домот без... Индустријата нѐ учи дека дом е онаму каде што ние сакаме да биде и дека тие можат да ни помогнат да се чувствуваме како дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Единствено брат ми недостасуваше. Влегов во неговата соба: пустош.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една од причините зошто имаме омилени книги е токму тоа што во нив се чувствуваме како дома-.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)