како (прил.) - стока (имн.)

Еве. Совршен Џеб. Овој ќе го сочувам. Значи имам еден.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Правниот систем во оваа земја нѐ третира како стока.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)