како (прил.) - река (имн.)

Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ема, разбираш ли, газ би дале за пичка.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како река - ама никогаш не стапнуваш двапати во иста вода“ - помисли Влатко, кој во близина собираше пресечени гранчиња од пролетното кроење, всушност, чичко Темелко вршеше пролетна корекција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оттечуваше како река, исполнуваше еден одреден простор пресечен на перонот крај локомотивата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак, некаде на средината се влеваа во еден и како река го продолжуваа патот губејќи се некаде зад хоризонтот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да, драга Ема, во Равена мојот Јирачек, моето сонце, веќе ме чека, јас знам дека ме чека Јирачек и ги мерка тие стари, истрошени европејци, тоа се истите оние од Вацлавске Намјести, кои како река доаѓаат од секаде за да си го дотрошат животот, желни да брцнат со прст или со нос во нешто младо, убаво; пари даваат за тоа, душа даваат за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)