како (прил.) - месечина (имн.)

Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Чана, уште пред да чуе каде нашла Пелагија одајка, светнувајќи со лицето како месечина, продолжува Ми д знјш мори сестро коуку ми е мило, тука не са устанува диљми нови Игејци ки дојдат, ет и ниа су Митра и Дончито ки ојме у тиа катоите на ступанството, така ми риче то бригадирут ама нејќак да бегме и да те уставиме сама, е се и на мен ми улисна на душта, тка д знјш! и тука, на ова место, Пелагија се приближува до неа, ја преграбува нејзината едра снага и стискајќи си ја својата глава во нејзината, во Чанината, проговорува со тивок глас Ох, пуста мори сестро, зошто досега да не си заминете?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кулата ќе свети како небеско светило, да не речам, како сонце, како ѕвезди, како месечина во дална далечина, во вишна височина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)