како (прил.) - желка (имн.)

Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ѕирнав од прозорецот што го нацртав на авионот и видов под мене, долу - слонови, лавови, зебри, жирафи, антилопи, носорози. Беа мали како желки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
3. ВЈАСА КАКО ЖЕЛКА ПРЕКУ УГАР - крене ноже, бутне грутка, еј гиди!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Скокнав на нозе малку посрамотен зашто верував дека Роско веќе никогаш нема да го видам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација.  Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)