како (прил.) - ништо (зам.)

Вечно смуртен, тој никогаш и со ништо не беше задоволен. И како ништо друго да не знаеше, освен само да мрмори и да се кара.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Војводата и Ангеле се погледнаа. Овој му намигна на деда Гера, но дедо Геро се направи како ништо да не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)