како (прил.) - им (зам.)

Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Офицерските шинели, Господе, како им стоеја!!! Капите накриво ставени, како им личеа!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И мајка ми е учителка, - чув како им се пофали на другарките со важен тон. Се чувствував необично.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знам како им се даваа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
8. А како им е на оние долу?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги гледаш децата како им паѓа главата за спиење и тогаш ти иде, што не си помислил никогаш ти иде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов како им се наполнија очите со солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како им се умира, ќе чуеш, мора да е здодевно да си мртов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Васко, Пенчо и јас ги гледавме како им се доближуваат на децата и ги чекавме заповедите на Кузмана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Гледаш? - Ѝ се сврте Трајче на мајка си - како им фуфка?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги гледам како им се шират обравчињата, како им се полнат устите со вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гладна година велам, а којзнае како им е сега таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чако пак припнува, слушам како им се пушта в нозе, в жили, не ги остава да кажат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јадењето им се гледа - зацвакано - недоџвакано - се гледа како им запнува на шупливите заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)