како (прил.) - треба (гл.)

Гледај, гледај како се кршит танчарот? Аферим — ашколсун, го правит, зарем, како треба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога испресметав колку што требаше и како требаше, тргнав по светот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во Берлин знаат како треба да се заврши работа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Она што е актуелно во последно време на меѓународните дискусии за театарот, е полемиката која се води околу тоа каков е денешниот театар и како треба да изгледа во иднина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека на Брзакот му ги зема потребните основни податоци, почнувајќи од името и презимето, на Аспасија ѝ дава доволно време таа сѐ што треба и како треба да внесе во записникот, особено сѐ што тој мисли дека треба да биде внесено, а потоа, по мала пауза на којашто и го дава нужното значење, му дава збор на „застапникот на подносителот на барањето за поведување дисциплинска постапка“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мала и неважна фигура во политичкиот живот на една мала земја, човек кого судбината едноставно го поврза со предизвикот на големите настани, а тој не се двоумеше како треба да се одговори.“ Професор – доктор на науки Лазар Јовановски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Луција имаше право: јас сум можел уште тогаш да ја обезбедам својата иднина, со едно просто потпишување на текст што друг ми го составил; требаше само да станам дел од едно колективно, врвно јас – и сѐ ќе беше како треба. Вака, меѓутоа, јас бев на полпат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секогаш имаше добар сенс како треба да се дотера за различни прилики – и формални и неформални.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Докторе, докторе”, му велеа луѓето, „гледај ти од државата да добиеме отштета за добитокот што ни го голтна војната, а не држи предавање како треба да се јава крава...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И си велам, ете, само тие, единствено тие можат да кажат како човекот го преживува и го поднесува поразот, каков треба да е во битисувањето човеково и во битисувањето наше, во непреболот наш и како треба да издржува страдајќи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Им кажуваме како треба да се викаат. Внесуваме култура прва.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е па добро, вели Мисајле Станковиќ, од кај знам јас како треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)