како (прил.) - сме (гл.)

Ја поздравивме сите во еден глас, кога наближивме и мама ни рече - Добровечер - и нѐ праша како сме поминале на роденденот кај Драган.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прашува како сме ја поминале зимата, дали се отели кравата, прашува за нивите, за сѐ прашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еве да ти се јавиме цару дека сме живи и здрави што и тебе ти пожелуваме од сето срце и душа да чуеш за нас како сме ги биеле твоите војничиња и како ќе ги биеме конкретно...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека брзите коли го сечеа просторот, Мајка првин прашуваше за Татко, како сме минале без неа, дали снаите успешно ја замениле во грижата за него.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Доброутро! Како сме денес? - им се обрати докторот на тројцата пациенти кои ја делеа болничката соба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)