како (прил.) - вели (гл.)

- Е, е знаеш како вели третата или шестата божја заповест: не помјани всуе имја Бога твоего.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури и го чу како вели -доле нозе боси, горе кур аждаја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секогаш кога ќе ги чујам луѓето како велат дека не можат да комуницираат, си припомнувам на една реченица од социјалниот сатиричар Том Лерер (Tom Lehrer): „Би сакал сите луѓе кои се жалат дека не се способни да комуницираат да бидат барем толку учтиви да замолкнат.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но ненадејно, едно утро, будејќи се он го виде Фјодора пред себе како со сета своја тежина гази врз подот. Моќен е и дебел и вистински Фјодор е тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас се стаписав. „Еве“, вели, „овде ги имам сите пејпрс, сите хартии. Направено е и заверено кај лојер. Како велиме ние, адвокат“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А исто така речиси бев сигурен дека скокот на Јана од коленото на Непознатиот Катерина го оценува како свој личен успех.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и слушнав како вели дека дури сега се чувствувала многу комотно. Во тоа бев сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Е, како велиш ти, ми одговорува Јон, ама мене не ми е доста, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушаме ние кој што вели, кој како вели, и се растураме по ливадите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)