како (прил.) - бега (гл.)

Елени не ја видов. Христина ми раскажуваше како бегале од Бесвина по светот и како се мачеле по затворите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја виде еднаш со Ирина како купува цигари од бутката и како бега од неа за да не ги види и се скрија во паркот за да пушат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дотрчаа со Андро, и ги видоа како бегаат низ бавчите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од пушкарницата гледа како бегаат прудолу владините војници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)