каде (прил.) - и (чест.)

„Не знам каде ќе одам. Можеби во Венеција.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Каде што ќе не однесат средозимскиве ветеришта! – Одговори задоволно Дедо Мраз пред кого, Добре, најдобриот човек на светот, го подзабришуваше жешкото лице облеано во солзи – радосници – Каде и да одиме, ќе ве распродадам како алва на гладни сумустраци!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Тогаш, сакам да дојдам со тебе.“ Го допрев неговото рамо со моите прсти. „Каде и да одиш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)