каде (прил.) - ни (зам.)

Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)