каде (прил.) - иде (гл.)

- Од каде идеш? - праша Гоце. - Од Битола, дури од Битола...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)