истовремен (прил.) - бев (гл.)

Или, пак, „ Тајмс“ од деветнаесетти декември ги објави официјалните предвидувања за производството на различни видови стока за широка потрошувачка во четвртиот квартал од 1983 година, кој истовремено беше и шести квартал од Деветтиот тригодишен план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу разлика постоеше меѓу Бил Грејем и нас, всушност, тоа истовремено беше разлика и помеѓу Сан Франциско и Њујорк.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Било како било, тоа не беше место за нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Всушност, заклучи авторот, Митко Кривашија воопшто и не беше комунист туку само наивен човек кој важеше за добар и чесен, за кого практично непостоечката и неостварлива правда беше идеал од којшто тој не можеше да се откаже и истовремено беше уверен дека само комунистичката доктрина би била способна правдата како што тој ја замислуваше да стане стварност на секојдневието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На странката која признава – понатаму не ѝ се суди! (Ulpianus – D. 9,2,25,3)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работничката В И од Скопје (сега 50-годишна) беше вработена во ДПСУ „Електрометал“ АД Скопје – претпријатие што се бави со трговска дејност, и тоа со договор за вработување на неопределено време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова прилично големо претпријатие работеа околу 250 вработени, а самата структура во фирмата беше поставена строго хиерархиски – однапред се знаеше „кој e кој“, а одлучувачкиот фактор беше директорот, којшто истовремено беше и газда на компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој истовремено беше свесен дека им помогна на своите родители така да постапат кон Марија и кон неговото дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се радував, а истовремено бев тажна и се прашував дали ќе биде се во ред?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кого да послушам, а кого не.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Напротив, беше тоа недоразбирање што истовремено беше и логичен исход од културната различност.150 Понатаму, тоа открива една основна вистина за формата во која се јавуваат културните разлики и за медиумот во кој најфлагрантно се појавуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби беше и насмевнат, но мене ми беше оневозможено дури ни да го забележам тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За несреќа, преносувачот на ова зло беше овде, се наоѓаше сосема блиску, во ходникот што води во мојата канцеларија, но истовремено беше и негде далеку, незабележлив, затскриен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат значајни докази (анегдотски) за неговата поврзаност со детската уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Анри Матис ја сумираше дилемата на многу модерни уметници поврзана со детската уметност на тој начин што истовремено беше привлечен, но и неволен да го признае долгот кон неа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Предаваше уметност на децата во Централната Академија на Бруклинскиот Еврејски Центар од 1929. до 1952. година.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој го посматраше детството како наивно спротиставување на вечната трагедија на човештвото, што истовремено беше негов најголем интерес.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А тоа истовремено беше и смешно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се чудевме на тоа кои сме и од каде сме и што ќе се случи, а истовремено бевме уверени дека ништо не може да се случи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бранејќи го својот свет живот, старецот, покрај тоа што беше мудар, истовремено беше и смел борец.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)