исто (прил.) - колку (прил.)

Биографии Едгар Алан ПО (1809, Бостон – 1849, Балтимор), САД.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Детето уште гледа, но набргу ќе стане она што таа и сака да тоа биде: слепец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој уживаше да го гледа црвениот домат на ластарите исто колку што уживаше да го гледа исечен на парчиња во чинија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Нејзините гради и детулето вредат исто колку и оние на вашата хероина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Него го знаат мнозинството членови на Партијата, а особено сите оние кои се интелигентни исто колку што се и исправни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа ќе биде свет на ужас исто колку и свет на триумф.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)