исто (прил.) - таков (зам.)

Со притаен здив чека да види дали ќе се отвори портата и кој ќе излезе од неа, а кога таа се отвора и на Градишки Пат излегуваат Васил Митрески, Недан Бозоски, Цветан Ендоски, Стеван Ѕвездакоски и заедно со нив и Максим (тој во едната рака носи долга тутурка од книга а во другата дрвено троножно столче, исто такво какво што донесе Јосиф) и кога и тие се завкачуваат пругоре по Зедница, зазорот се претвори во треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
113. Втората теорија, т.е. сите Македонски Словени се исто такви Срби како и Босанците, Црногорците итн. се вкорени во Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Централното или велешко-прилепското македонско наречје никојпат не може да биде по своите особини однесено кон српскиот јазик, зашто меѓу него и централното српско-хрватско наречје или сегашниот српско-хрватски јазик има исто таква разлика како и меѓу чешкиот и полскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој што го напаѓа нашиот јазик ни е исто таков наш непријател како и напаѓачот на нашата вера.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Витка, облечена во панталони без боја и исто таков џемпер, на ниски кожни мокасини.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се оддалечува еден од друг, стануваа потуѓи, зашто од кртоста на овие зборови зачуденоста на првиот стана исто таква кртост, стара, некогашна кртост, за миг само премрежена под правта на тешката градна болест и канцелариите со млак воздух.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По неа секој час претрчуваа бригадирци со полни количиња земја, ја исфрлуваа зад насипот од другата страна на реката и бргу се враќаа по друг исто таков мост на стотици метра подолу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
ТРОШЧЕЈКИН: Тој со Лења Барбашин правеше фалшиви меници, - исто таков неранимајко.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На исто таков начин се нацртани и нозете, само што тие раснат рамно со главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Исто таква хартиена врата склепана од летви а облечена во хартија, со писклив крцкот се подотвораше на внатре и малку го откриваше железниот кревет со дебел и мек сламарник и неколку војнички куверти врз него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
О, господе, можеби сега тие имаа други имиња, други знаци, можеби тие сега беа Унгарци, Руси, Полјаци, Французи, Чеси, Германци, им го кажувавме прекрасниот сон за родниот крај, каде беше тој, нели си спомнувавте, имаше еден рид, еден рид со сонце изутрина, па потоа една мала рекичка, оттаму реката пак се протегаше шума, една сребрена, една златна шума и небото над неа исто такво, нели...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)