исто (прил.) - ми (зам.)

- Екологист, економист, астролог, астроном, сѐ исто ми е - сѐ по некоја буква различна и толку! - тетка Марија се насмеа толку слатко што големиот стомак и се затресе горе-долу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Исто ми се случи и во Шиштевска Бука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, патем, само едно исто ми се одѕива во ушите: „ние пак ќе те побараме, ние пак ќе те викнеме“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај ќе ме сретне едно исто ми повторува: полошо е ако не земеш, полошо е ако не земеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)