искрено (прил.) - речено (имн.)

И покрај мојата наклонетост кон таканаречените олеснителни околности искрено речено сметав дека ваквата увереност на Даскалов не му соодветствува на она што се случило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Искрено речено, многу предмети и немаше: во аголот еден стар железен кревет, мала масичка со две столчиња, црн шпорет каков што јас до тогаш не бев видел, еден чуден орман, кујнски прибор на една полица и на ѕидот над креветот - неколку пожолтени фотографии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако било се толку чисто и безгрешно зошто тогаш едниот од нив, или двајцата, се поколебале?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А искрено речено, пола и не ги бива за ништо...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, искрено речено, оставам гостите сами да одлучат како се чуствуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја немаше Јадранка, за да ја споделиме шегата за комшијата кој редовно, искрено речено, (а сметам дека тоа беше неговиот третман за расонување), рутински се расправаше со жената, која му возвраќаше со непрекинато заканувачко мавтање на показалецот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И насапунетата садомијачка рака да ја прогласуваат За среќна рака на судбината која барем не е здодевна Ви велам секакви доаѓаат да ме видат да ми го погалат сонот Доаѓаат и в недела отшто е отворено Доаѓаат и такви кои говорат дека сум била дембелка Како некои шеесетиосмаши што ги запоседнале фотелјите на власта Јас и ден денес не знам и не ме интересира кои се тие шеесетиосмаши Ама искрено речено се навредив од неумесната споредба Кои се пак тие да велат дека сум дембелка И уште да ме споредуваат со некакви шеесетиосмаши Ако продолжат така само ќе го расрдат коалиното братство И нема да се вратат дома без гребнатини од нашите канџи За спомен и долго сеќавање од коалите дембелки
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)