искрено (прил.) - го (зам.)

Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Толку искрено го постави прашањето и ме погледна право в очи што не можев да скријам. А и немав зошто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред да ѝ одговорам, бев веќе сосема сигурна дека одговорот е потврден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И слушаш како искрено го пренесува својот проблем на телефонска, „вруќа“ и изгор скапа линија во живо, како онаа „простата“ му ја зела моќта со вуду моќ, а го слушаш и советот од специјалистот: „Није од просте и бивше, веќ од простате, пријатељу... Видим да сте у шоку... пријатно!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Друг искрено го сожалува: „Така ти било пишано да живееш сам како диво осле, како што те роди мајка ти на нивата...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Атина искрено го обожаваше брата си Петар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И во овој случај Ренџов не се крие зад нараторот туку искрено го исповедува својот грев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)