исклучително (прил.) - скапоцен (прид.)

Затоа што таквите ликови не остваруваат дејство, туку изведуваат претходно утврдена и напишана улога, тие ја немаат, и при сета своја виртуозност (и мускулатура, барем во случајот со танчерите) мажествената достоинственост на спортските ѕвезди или на политичарите од едниот или од другиот род, кои на почетокот од играта не знаат точно што ќе прават со телата и како ќе се однесуваат во текот на дејството што ќе уследи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, со оглед на стандардната опозиција во хетеронормативната култура меѓу улогите и суштините – која е изоморфна со другите слични опозиции меѓу извештаченоста и природноста, изгледањето и бидувањето, неавтентичноста и автентичноста, изведбата и идентитетот, женственоста и мажественоста – таа претставува значителен проблем за родовиот идентитет на пејачите, на танчерите и на глумците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таков некој проект би бил исклучително скапоцен; би дал целосен опис на машките геј-култури во САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во овој контекст на родова паника околу „забранетата фантазија за машко театрално покажување“, а оттука и на сомнителниот статус на машкиот изведувач, мајката, според Д. А. Милер, го покажува своето вистинско значење – и како извор и потврда на синовата желба да изведува и како давателка на исклучително скапоцена општествена дозвола (75).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)