зошто (прил.) - токму (прил.)

Неговите спори трепкања и речиси умртвени движења те доведуваат во состојба на рамнодушност и ТИ само сакаш да се препуштиш на сонувањето - она што никој не може да ти го објасни од каде доаѓа и зошто токму така изгледа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа е еден дел од неформалните причини зошто токму Бојс; главната причина се состои во самата негова личност престорена во дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Процесот го добил дури шест години подоцна и тогаш си го повратил својот статус на професор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од каталогот за париската изложба пренесуваме два текста, од кои едниот зборува за влијанието на Бојс врз младите руски уметници, а тоа е интересно поради тоа што и кај македонските „поалтернативни” уметници забележливо е влијанието на Бојс, особено при правењето на перформанси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И мислата што риеше како врело олово во затворена рана: како? зошто? како баш сега? зошто токму него?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ беше логично во експликацијата на судскиот вештак и во рекапитулацијата на полицискиот иследник, освен што главата на доктор Миха како татко беше празна тиква, во која уште семките на прашањата сѐ посуво што го надјачуваа: зошто токму син му, зошто токму нему, прво на синот пред потоа и на таткото да им се случи тоа, зошто токму нив да ги погоди грмежот од небото кое и така грми па може да удри и во грмушка?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен... Многу паметиш ти, златен мој, ти без причина не казнуваш, ама зошто токму нас нè најде да не знаеме што нè најде?...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Турчинот што го поседувал тој дел на полето по Балканската војна заминал за Стамбол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш застанува.) А знаш ли зошто токму под 212 сака да се фрли?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зошто токму сега и тука се повторуваат таквите сновиденија и на наш човек? Зошто?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој немаше поинаква душа, не живееше во некој друг свет, туку напротив, беше израснат на истата земја како и другите, по истите закони и обичаи беше воспитуван, а сепак стана поинаков од сите нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш во своето срце не успеа да најде одговор зошто токму тој е оној избраниот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- И зошто токму мене ми се исповедаш?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе ми кажеш ли зошто токму денес се толку важни?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Такви двајца, во секој случај, би можеле да бидат прилично хармонична двојка...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако, Вас, драг Аристине, Ве праша Асенета: зошто токму клуч и зошто токму обетка?, ќе одговорите со следново.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И зошто токму јас? Зошто тоа да не е некој Еским или некој црн плантажер?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А ЗОШТО НЕ ДЕНЕС?! ЈАС: Зошто сум овде и зошто токму сега? Зошто не е утре и зошто не во Вегас?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но сѐ уште не можев да разберам зошто токму заминувањето во Франција посебно ги возбудува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Но зошто токму при падовите на империите доаѓа до најголеми преселби на луѓето и до создавање на нови граници? - запраша Игор Лозински, стимулирајќи го текот на татковата мисла.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сепак, не реагирав. Зошто токму јас да му напоменувам дека несигурноста што ни ги врзува рацете и ни ја подјадува надежта не почнува и нема да заврши со нас, и тоа токму оваа вечер!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Немам право?“ му се насмеа на келнерот, а не беше сигурен зошто токму нему му го упатува ова прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Често и самиот се трудам да сфатам зошто токму таа мора да се повикува на гладот на машките очи, на слабостите од кои е замесена женската ќуд, на заборавноста, на недоразбирањата од кои е сочинет светот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А зошто токму Мечето? - Па ти не ги даваш прстињата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Војните се играчка на животот со смртта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Прашав зошто токму Иван Степанович да ги грабне?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Притоа веројатно само стравувал од она од кое и јас се плашев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И зошто токму по тој пат тргна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги поврзуваше работите: зошто токму во провансалскиот Арл, недалеку од нејзиниот Фрежис, четиринаесет години по патувањето во Албанија, го напишав овој роман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во текот на ноќта имаме можност со сите единици да преминеме во реонот на Вичо што ние го контролираме. И зошто токму на Вичо?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)