зошто (прил.) - наеднаш (прил.)

„И тоа е за вас херојство?“ пак рече не верувајќи дека уште не крикнал и не замавнувал и се чудеше зошто наеднаш се помирува со во неврат изгубените сочни стебла и со мирисот на нивните стеблаци.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За жал Седларски во својот научен труд не го спомна непосредниот повод: зошто толку долго го одложувал објавувањето на своите интересни наоди (како што истакна и самиот: пред десетина ако не и пред повеќе години тој се сретнал за првпат со записите на монахот), и зошто наеднаш, (да го избегнеме овојпат стереотипот прекутрупа) и без никаква претходна најава, (што може да се потврди и со задоцнетото пријавување на овој труд кај организаторот на семинарот), сепак одлучил да истапи јавно пред научниот собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наближувајќи кон отворената врата на мојата канцеларија не знам зошто наеднаш ме опседна помислата дека кога ќе влезам ќе треба да му пристапам со разбирање барем на колегата Зоре Вртанов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)