зошто (прил.) - веќе (прил.)

Како што плетеше мислеше на тоа по која длабина во коските ѝ допрело сонцето и зошто веќе не почне да се поти.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Јас, навистина не разбирам, синко, - се вмеша чичко Лозан, - зошто веќе еднаш не удриме на овие гадови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Велат, еднаш ако добро ја научиш лекцијата потоа не треба да ја повторуваш, зошто веќе си ја знаеш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Последната надеж што ја имав во мене ми ја убија, ги мразев, им се лутев зошто се толку сурово реални, зошто веќе те отпишаа од овој свет, зошто не се обидат да направат нешто повеќе…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И како секогаш во овие денови, ми се преплетуваат секакви чувства – и радосни, зошто веќе си зрел човек, со многу драг карактер, а во исто време и носталгичен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)