зошто (прил.) - мајка (имн.)

Никогаш не дознав зошто мајката и сестрата на Земанек живееја на другиот крај, во друго предградие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам зошто мајка ти толку навалила кога знае дека до сега сите оцени ти се високи и дека редовно ги полагаш испитите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- За да тормози, ете, затоа – беше огорчен Саше, но јас бев сигурна дека тоа не е вистинската причина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зачуден зошто мајка ми пали свеќа кога е од друга религија, таа ни одговараше дека и кога живеела во Поградец, палела свеќа во манастирот Свети Наум, како што православните Албаници, оделе во џамии...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред излегување, како и секој пат, малку се поткараа зошто мајка ми бавно се подготвува, а татко ми многу брзо, па облечен ја чека кај лифтот и се нервира.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не знам зошто мајка ти е толку задоволна од неа кога постојано забошотува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Звучеа глупаво и празно, и никако не можев да му објаснам зошто мајка му ме навредила.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ах, Маци сака кај тебе! - рече мајката со бебешкиот тон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се враќам со компирчиња и размислувам: зошто мајка ми му се лути на Лангачот и го мрази?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Многу подоцна сфативме зошто мајка ми реагирала одбивно и викаше: Не, не! кога по нејзиното барање за „ковчето во ковчежето“ ѝ ги споменувале деветте ковчиња.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но беше крајно љубопитен да ја дознае причината зошто Мајка не ги раздвоила овие знамиња од животот, носени низ балканскиот егзил заедно со Татковите книги. – По нашето патување во Италија, во каталогот на Ла Ринашенте, го чував италијанското знаменце што стоеше пред нас на вечерата кај грофот Чано...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)