зошто (прил.) - јас (зам.)

Грета: Помислив да му ги здробиме мудата но веднаш ми текна дека прочуениот Тики Ди нема муда.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Но што зборуваш, зошто јас?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како до Вевчани или како во Тетово, ама не можам да знам точно каде зошто јас никогаш во животот не сум бил ни во Вевчани ни во Тетово.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, зошто јас не го подзапрев низ годиниве?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Навраќајте во него за да се присетите и за мене, зошто јас постојано се соживував со вас и стрпливо поднесував сѐ што се случуваше; страдав кога со вас нешто тешко ќе се случеше, а кришум се радував и се лутев поради вашите немирлаци; сетете се и за вас, мили деца, за вашите први денови, кога како преплашени зајчиња се припивавте кон клупите и плачливо се држевте за рацете на вашите мајки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, зошто јас кружам од болката и страдањата и сѐ до записот и апсолутната личност?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Мамо, зошто јас немам сестричка?“ прашав додека ручавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И уште решивме едногласно: кога ќе порасне ќе ја примиме во нашата дружина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се согласивме дека има многу убава сестричка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Речи им ти, зошто јас?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дали обесен на ат пазар или застрелан овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, ако е тоа така, тогаш не ми е јасно зошто јас сум андер­граунд, кога мојата единствена желба беше луѓето да ме забележат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, дали тоа истовремено значеше и дека тие се “уметнички” или “валкани” или “откачени” или “без заплет” или “скокотливи” или нешто сосема единаесетто?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да бидам искрен, јас немам поим што значи тоа: андерграунд, освен ако под тоа не се подразбираше дека ти не сакаш никој да дознае за тебе и да те вознемирува како што тоа го правеа за време на Сталин и Хитлер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку пати дневно со луѓето комуницирате она­ка како што вие се чувствувате, а не онака земајќи ги предвид нивните чувства?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не ли е чудно што по сето тоа вашата реакција може да се сведе на една реченица, и тоа онаа од насловот на книгата: Зошто јас не го реков тоа! 104 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, промислените „скриени убедувачи“ (В. Пакард) наоѓаат начини пред очи да ни ја потстават својата роба а притоа ние тоа воопшто и да не го разбереме како реклама.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- А ти, Бато, зошто не читаш сам? Зошто јас да читам и да ти прикажувам?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Скоро дувна: - Зошто јас? Од каде?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зошто се раѓам, учам, работам, љубам, се борам, се плашам, се радувам, тагувам, ако сето тоа е само минлив сон на мојата душа?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, едно нешто не успевам да го разберам во вербата своја, та од тебе барам да ми објасниш – Павле, зошто јас го живеам овој смртен живот?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајката, ќе си речам, селото мое беше нагоре, зошто јас одам надолу. И ќе се повратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подобро би било да чујам песна од твоето грло, зашто од патот почнува да ме фаќа дремка. - Зошто јас?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сака да ми го закочи чекорот, зошто јас сум пионче и треба да одам само таму кај што ќе ме помести господинот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зошто јас да не станам еден кадија како него и да си го земам татко, мајка, Анѓа и Јована овде во конаков да си живеам како кадијата? Ќе станам!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Веднаш да запамети, - рече Чакарвелика, - зошто јас еве сега одам да ве јавам на Бугарите та со добро да ве земат ако ве имаат за земање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Блага ти е крвта, ѝ велеше татко ми, зошто јас не потекувам, нема ден некоја да не ме касне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Логички, не можев да објаснам, зошто јас, виенски студент, најперспективен адвокат во градот, бев толку возбуден од средбата со младиот часовничар, човек далечен на мојот свет.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не чекајте шанси или право време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Зошто Јас, зошто боли толку многу, зошто секој збор ме повредува, зошто секоја насмевка ми е толку туѓа, зошто е толку тешко да заборавам?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само во твоите прегратки наоѓав сила да се разбудам и да вдишам од свежиот зрак на новото утро.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе чекаме да дојде некој трагичен момент и тогаш да кажеме: „Зошто јас?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но знам, мора да чекам, така треба, така мора да биде, кога ќе реши светот да се смени, иднина да биде, зошто јас знам да сакам, на сон видов живот, а верувам и ти.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
(Пауза. Пие.) Ти не знаеш зошто јас лежев во затвор. На сите различно им кажувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сепак, тоа не беше доволно, зошто јас го сакав само за себе, а тој со секоја следна порака сè повеќе ми докажуваше дека наместо срце во тие мазни гради носи камен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)