зошто (прил.) - тоа (зам.)

Се викавме вистина „Бугари” и „христијани” во национална смисла, но зошто тоа е и дали е навистина така – ние не се запрашувавме многу— многу.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зошто тоа да биде така? Зар и црквата не треба да биде: Едина, Соборна, Вселенска и Апостолска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако го извлечеме најдоброто од лошите работи ќе се инфилтрира причината, ќе сфатиме подобро зошто тоа се случило.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Инфиделитетот, неверувањето е нашиот непријател, не станувајте опсесивни, фригидни, нека не ве обзема негативна инфлуенција од некој лош настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во врска со тоа, во една маргинална белешка за Boite Verte тој сомничаво напишал: „Да се редуцира годишното производство на редимејди (?)“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Сакаш нешто да каснеш? – ми вели. Не знам зошто тоа прашање ме израдува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да се распарам? праша. Зошто тоа?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ленче, знаејќи дека Томето многу пее, не се посомнева во ништо, напротив, одамна се чудеше зошто тоа музикално дете кое така страстно ја љуби музиката не го направи тоа многу порано, како сестра ѝ Христина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога љубопитните ќе го запрашаа зошто тоа го прави одговараше шушкаво: да се опијани змијата за да не избега.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А зошто тоа да не се случи и повторно? (Да не заборавиме, тоа ѝ се беше случило на тетка Боса од страна на најмилото).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тета почна да плаче, а јас не знаев зошто тоа го прави, бидејќи сѐ добро заврши.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој, од своја страна, својата начелна вина во ниеден момент не ја губеше предвид и, исто така, немаше илузија дека проблемот на истата начелна вина го има и таа, но не сфаќаше зошто тоа за возрасни и зрели луѓе би резултирало со уништување на бракот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)