зошто (прил.) - сака (гл.)

Немоќна пред агонијата на сопственото лудило очајнички се обидувам да се соочам со сопственото “Јас”, да го откријам стравот на сопствената душа, страв од солзите во очиве, од последната надеж дека во моето срце ќе пронајдам светлина и ќе се покаам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се плашам од дивиот нарав што во часовите на осаменост ја труе мојава душа со желба за одмазда, зошто сакам да бидам повеќе од човек, носен од внатрешниот порив кој ќе ме отуѓи од се што е човечко, а се што е човечко ме направи тоа што сум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш не му беше сосема јасно зошто сака да се качи на првото превозно средство и да замине.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сепак се знаеше дека Марко Проказник се поднаведна пред законот: му го зедоа револверот, во мирно катчеќе поразмисли под клуч зошто сакал да стане власт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
СЕЛАНЕЦОТ: Никако не ми фаќа умов, зошто сакаш да ми алалиш. Тука се крие некој ѓавол.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Слушај ти пријателе: јас сум на твоето дереџе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: А зашто сакаш да ми алалиш?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дај ми ти чист есап, брату. Кажи ми зошто сакаш да ми алалиш, инаку нејќам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зошто сакаш да ме излажеш. Ајде, кажи ми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Самица? се тргна. Зошто сакаат да ме водат таму?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Студено, како самиот да не беше прашан, праша: „Зошто сакате сѐ да знаете?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војникот не сакаше да каже зошто сака да знае сѐ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марија, зошто сакаше сѐ да имаш? И повеќе од она што имаше?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто сакаше да те убие?“ „Не знам“, одоговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе го чекам, зошто сакам да одам во Пеколот, кој е мој предизвик.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во гласот немаше веќе шеговитост. – Зошто сакаш да работиш?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога би требало да ја наведам причината зошто сакам да правам музички машини, причината би била за да ги правам тие нешта.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А зошто сакаа да му ја рушат?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А оној со брадата зошто сакаше да те треби од болви?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дики: Значи те имам, кукличке! Но и 50 илјади не се малку!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А зошто сака да те убие?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш некој од нив ме праша зошто сакам да јадам пејотл.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Зошто сакаш да напаѓа, дедо? - прашува Томче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)