зошто (прил.) - дојде (гл.)

Беспомошно замолче изгледајќи како човек кој ништо не разбира, кој не знае зошто дошол ваму, а уште помалку умее да го употреби слушнатото.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не го прашав Елмази за мотивите, зошто дошол во Франкфурт на печалба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Која е таа? Зошто дојде токму во овој момент? Што сака од мене?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Мими, зошто дојде само за пет минути, - се смешува помалата жена. - Зошто не останеш барем еден ден?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ете, така треба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Илија влезе кај муљазимот и со два збора му кажа зошто дојде и од кај иде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледот му лета од предмет на предмет. Заборави зошто дојде горе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зошто дојде овде? Тој не тргна со намера да дојде овде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се прашувал: Како и зошто дојде до тоа стиховите да ја извршат својата мисија, да погалат, да облагородат во длабочината на фронтот, а не во близината на стиховниот источник, поточно во мојата најблиска близина?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го читам 22-то пеење: „Уште денес мислам на Неа, со полузатворени очи кои излеваат љубов на витото тело, опуштената роба и густите коси, на дивите патки во лотосовата градина на љубовта, и на идниот живот, и на крајот, повторно се сеќавам“ ДВЕ ЖЕНИ „...кога докторот ПолБрантон отиде во посета кај Махариши Раман, тој го запраша зошто дошол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А сега, по смртта негова, дојдов да ти кажам зошто дојде до караницата и зошто прекинав секоја врска со него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Арсо е гладен. Тоа е гола вистина. Зошто дојде овде?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Сакаш да ме натераш да признаам дека сум болен? Ти знаеш зошто сум дојден.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Зошто дојде, сестрице Велико, вели, не ми кажа зошто дојде, не ми се вдаде да те прашам, вели. - Заборавив, велам јас и си заминувам. 85
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ганка! Била на чекор од него со очи на дете кога бара заштита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја прашал зошто дошла. Молчела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гамену, зошто ме повика и зошто дојдов во онаа ноќ со тебе?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Сепак не знам зошто дојде.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бидејќи не знаеше точно каква помош очекува од О'Брајан, не му беше лесно ни да каже зошто дошле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога луѓето ќе го прашаа зошто дошол “до таму”, Џеки одговараше: “Многу е полесно да се биде необична жена, отколку необичен маж”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вистински макцамчиња, што велеше бабата Лила Третјакова, кога разбра зошто дошол поп Петко кај Жиовчеви.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влегов со двата зембила. Сакав нешто да ѝ кажам на баба ви, да ѝ одговорам, зошто дојдов, ама и самата не знаев што ме изведе од нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сум се изнагледал и на тие...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зошто дојде до ова? Не, не чекам одговор од тебе, а и од оние што седат високо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А тогаш наеднаш ми вели: „Мори, Василке, за малку да заборавам зошто дојдов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зошто дојде? — Јас не знам дека дошла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто дојдовте? Зошто не ме оставивте да одам по својот пат. Да пливам како што знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Зошто дојде? МИРА: Не можев да спијам. Размислував и дојдов.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
РАЈНА: Од мене веќе нема што да сакаш. Зошто дојде?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)