зошто (прил.) - бев (гл.)

Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бидејќи и така нередовната и трапава администрација на завојувачите страдаше во честите војни, пожари и грабежи, ни архивите на двата најблиски града, Прилеп и Битола, не располагаат со податоците за тоа кога е основана сегашнава населба во Потковицава - најпрвин, со стариот дел, во Загориче, односно во Дупка, а потоа, со поновиот, на падините на Станкоски Рид, односно на падините на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зошто беше допуштено да се убие само една птица, секој од домаќинството добиваше само по едно перченце од неа: децата ги делеа крилцата, мажите и најстарите синови копанчињата, а женската челад белото месо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А оние нашите, кои се испикаа по ОЗНА и по УДБА, не испикаа по списоците во кои напишаа од каде сме и кои сме, од кого сме, каде бевме и зошто бевме, ни најдоа баба и прабаба...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зошто беше така? Затоа што Инквизицијата ги убиваше своите непријатели на отворено и ги убиваше додека тие сѐ уште не се беа покајале: всушност ги убиваше затоа што беа непокајливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И повторно, зошто беше така ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако ви се причини дека приказнава е малку заскитана, тоа е зошто бев принуден, поради натечениот палец и „Ханзапластот“, да ја држам хемиската со два прста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му падна многу жал, зошто беше легнало така беспомошно без дом и јадење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Утеха ми е што моите бдеачи не можеле да ми го видат изразот на лицето зошто бев навален преку прозорецот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме опфати необјасниво чувство на самопрезир и вина, но и увереност дека сето тоа е безначајно: зошто беше важно што чувствува Ема, каде се движат нејзините размислувања, што е таа самата во сопствените очи, што сум јас во нејзините очи?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Срипа низ него, но не излезе веднаш од другата страна, зошто беше високо над човечки бој, туку легна врз ѕидот преполовен на средина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да не им веруваше на сопствените уше зошто беше сигурен дека никој не го видел кога влегуваше и излегуваше од неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Па тогаш зошто бевме да го видиме?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„Целиот град веќе врие, вели пашо“, му беше рекол овој на својот измешан јазик, откако му кажа зошто беше дошол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А зошто беше Марко Крале најголем јунак?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пиј па биј, пиј па биј. Ете така правеше Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ми беа жртви, зошто беа на располагање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се поистоветувам кармички, зошто беше инвентивна и романтичарски слободоумна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не дека порано беше којзнае колку широко наоколу, но таа залегна таму, а сега самиот ѕид и тоа зошто беше граден, не ја веселеше и ја теснеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој многу добро знае зошто бев "виновна"...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еднаш баба му му се налути на Зоки. Веќе не знам зошто беше тоа, но му рече: „Срам да ти е, Зоки, не зборувам повеќе со тебе.“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Па тогаш зошто бевме да го видиме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)