згора (прил.) - го (зам.)

На тоа згора го викнал царот момчето на годината за да сторат есап и да му плати, да за напред, ако се погодат, пак да му биди таинџија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа му платил и му натплатил царот, се погодиле пак за напред да му бидит момчето таинџија на царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А тој, како со бунарско јаже, им го извлекува тој единствен збор, што згора го разбира, а однатре не го прима: дека синот му се обесил.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)