звучен (прил.) - семе (имн.)

Тоа ветрот Поткрева звучно семе Низ времето Посеано. пепелта Единствен и спокоен Се приближувам Кон средето на огнот До конечниот облик: Пе пел та. јас престанав Јас престанав Пресушив Но едно знам: Штом јас замолчам Тој Ќе продолжи. преселба Гледав Може сонев Чуден глед: Крилест ат Маглив пат И јас Во лет Од Овој Во Оној Свет. зрак Блажен е Зракот Што ми ги затвора Очите. ако умрам Ако умрам Ќе зажалам за Зборот Полн страст и страв Оној Прокоба што го нарекле А јас не го Запишав. наместо епитаф Ништо - Тоа е сè што му остана Во тишина легна Не осамна.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)