замислен (прил.) - го (зам.)

Камилски замислено го следеше одговорот и продолжи гласно да размислува: Ние тешко на Балканот ќе се ослободиме од јаничаризмот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко замислено го погледна Камилски, не сакаше директно да му противречи на неговиот став или да ја искаже својата отворена согласност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко замислено го слушаше Камилски, загрижен зашто не можеше да понуди решение, но сепак се огласи: Кодошењето било и опстанало во сите времиња на човековиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски замислено го слушаше Татко, продолжуваше да се чувствува како доброволен извршител на судбината кој се нашол на крстопатот од лавиринтот на земените зборови коишто го заведуваа во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко замислено го погледна Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко замислено го следеше Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше да спори со Татко за јаничарите, за тој ешалон на жртвуваните, во чии души ќе се крие големата мистерија на промената на идентитетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој носеше жолта акт - торба под мишка и замислено го слушаше забрзаното шепотење на онаа девојка што ги пријавуваше странките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Згора на тоа, Предо замислено го џвакаше секој (не само првиот) залак, испитувајќи со јазикот што каснал и барајќи одговор во погледот на Живко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Борис замислено го собира веѓите и потоа станува решителен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Татко ми замислено го погледна, па задоцнето му одговараше: – Тешко е да се утврди кога се појавиле првите кози на Балканот, а уште потешко е да се установи дали се автохтони, односно староседелски?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко замислено го слушаше дедо, загледан во езерските далечини.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)