заинтересирано (прил.) - го (зам.)

Игуменот им го покажа и гробот на св. Наум и им рече: - Закопан е пред илјада години, а срцето сѐ уште му чука... - се наведна, го залепи ушето на плочата од гробот, постоја така вслушнувајќи се; полковниците заинтересирано го гледаа игуменот, кој, станувајќи, оддавеше со лицето блаженост и задоволство што го чул живиот отчук на срцето на светецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луција знаеше без потреба да се фати за косата и со раката да помине низ неа, токму пред мојот нос; знаеше да повлече со палецот замислена линија по својот грб, токму на ‘рбетот, иако за тоа немаше никаква посебна причина; знаеше, исто така, да се налакти во полупрофил, и со моливот да го потпре носето, небаре заинтересирано го слуша предавањето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)