заедно (прил.) - назад (прил.)

Сака да ѝ се јави, сака да ја праша дали крај неа е и онаа кучка Ангелина, ама не стигнува, Милка Русјакова и Родна Караколева мислиш се удрија во неа со своите гласови Устрау да ги удри! пискливо Милка, а Родна речиси плачливо Бел ден да не видат! а заедно Назад, назад!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Одевме заедно назад крај брегот, по она што останало од некогашниот пат, бидејќи не беше тоа песочен брег, како кај природните езера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе заминеме заедно назад во Германија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)