заедно (прил.) - сосе (предл.)

Ете, така Видан Јанчески, заедно сосе сета своја приказна, се одомаши во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, откако на работа, таа почнува да се соочува со многу стресни ситуации, заминува на боледување – кое, заедно сосе годишните одмори, изнесува вкупно 11 месеци, што всушност е и период во кој трае иницираниот судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По исцрпувањето на сите правни инструменти и механизми за заштита на своите права од работен однос, Зефиќ на крајот се решава да поднесе тужба, подоцна пропратена со два дополнителни поднесока, за поништување на Решението за распоредување на работно место бр. 04-2026/1 (од октомври 2008), и на Решението на второстепената владина Комисија за прашања од областа на работните односи бр. 45-572/3 (од ноември 2008), кадешто тужена странка е Р.Македонија – со прецизирање КПУ Затвор Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А тоа, што се случувало меѓу него и Ристана Голушкоска и кое не може да се нарече некаква љубовна историја, туку повеќе наклонетост на двајца возрасни и запашкани луѓе, после излезе навидело, во 1943-та, кога Димко Силистарко ги уби, со стап, на Бел Камен, мајка си и Видана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Извини, сè ова што сега го велиш и што ќе го кажеш и другпат во врска со таа побуна на жените, можеби е и точно; можеби твојата Партија умеела да го искористува народниот гнев и тоа во полза на народот, но не смееш да го одречеш и тоа, дека нигде не е запишан ќотекот што таа иста вечер го изела Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За жал, се случува, и тоа многу често, сосема да ги заборави тие клетници, заедно сосе нивните желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)