заедно (прил.) - сме (гл.)

Лично верувам дека со својот критички однос кон состојбите опишани во неговиот Календар за годините што поминале, како и со своите актуелни колумни, Трајче Кацаров ќе помогне во создавањето нови и здрави критериуми за проценување на состојбите во уметноста кај нас, иако сум совршено свесна дека сите заедно сме длабоко заглибени во истиот круг на тешко премостливи и речиси непроменливи вредности.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Заедно сме: атот, патот и сомнежот, Одиме сите кон иднината, Пред нас маглите и далечината Со нас атот, патот и сомнежот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ветар како нè запишува врз ѕидот на времето та сите заедно сме веќе една грозна тишина.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А заедно сме, оти по еден ист пат одиме. Без правда во срцето свое.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На пример, таа е тука, дома, се движи низ куќата, или седи и чита, или пишува нешто, или баш ништо не прави, а и јас сум дома, заедно сме, но всушност не сме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дечко ми живее кај мене речиси два месеци. Малку ми здодеа од него. Заедно сме по дваесет и четири часа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа биле космополитите. Токму тие генијално ја сфатиле конструкцијата на реченицата: Заедно сме посилни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Борис Кусакатски, еднаш додека си ја играевме нашата игра ми призна дека му се случувало во текот на годината по неколку пати да згреши.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, што да се прави, се случува и зелено да скинеме, и тоа од нашиот бостан иако сметаме дека со секој корен заедно сме растеле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- ... Знам, знам, - го прекинав. - Ти на мои години ни до Дојран не си бил, а камоли на Егејско Море, Јадранско Море, Црно Море, Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Мавровско Езеро..., - му ги наредив подбивно сите места на кои до сега заедно сме биле.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зар да ја ископам од умот фреската пред која заедно сме клечеле од некогашната до последната вечер?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Може да жниела. Може да врзувала снопчиња со нас, може заедно сме вршеле во гумната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)