заедно (прил.) - отиде (гл.)

Андон се прости ноќта со жената, ги избакна децата и таман првите петли пропеаја, го разбуди Толета и заедно отидоа во племната, откаде ја измодкна берданката и пиштолот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Другпат, дури уште беше жива мајка им, сите заедно отидоа на излет на ридот Хаут.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој, пак, Мустафа ефенди, сиот напернат и сиот облечен во срма и кадифе, и од порано известен од страна на прилепските првенци за намерите на потковичаните да дојдат кај него и да му предадат за султанот писмо и план за ѕидање на црква, општина и училиште и за нивната желба да се измират со Хаџи Ташку, ги дочека силно израдуван.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога дојде Аџи Пано заедно со Тодора Кусев и Спира Биолче, заедно со новиот прилепски учител, со Димитрија Стружанецот, и уште со некои прилепски првенци, сите заедно отидоа на општина кај Мустафа ефенди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се сети на последните часови од мајчиниот живот; лежеше во задушливата темна соба на другиот крај од ходникот, а однадвор се слушна меланхоличниот италијански напев.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Заедно отидоа во деловницата на ОТЕ, некаде во центарот на градот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега се сети кога прв пат заедно отидоа на кино и кога му ја вовре својата рака во неговата, и кога нејзините прсти ползеа помегу неговте прсти, чувствувајќи цврст и нежен притисок, чувство на заштита во нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)