заедно (прил.) - бев (гл.)

Цело тоа попладне сите заедно беа среќни, исто како во неговото поранешно детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите заедно беа негови крила, негов воздух, живот, негово Вчера и Утре кое не го дочека.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше главен актер за чие актерство заедно беа наградувани со громогласен утрински птичји пој, грозд свежа сонцевина и подграден татнеж кој како коњски топот секогаш повикуваше на бис.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неколкуте стари куќи, збиени меѓу хангарите, не излегуваа на ниту една улица и тие заедно беа “регистрирани” како Металка по фабриката што некогаш ги користеше за привремено сместување на вработените кои доаѓаа од местата надвор од Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас бев свесен за тоа, како што бев свесен и за мојата ситуација што беше идентична со нивната, бидејќи сите заедно бевме влезени во иста игра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми направи впечаток дека заедно беа луѓе од двете страни на Маказар, од едната и од другата страна на реката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се најдоа во мотелот „Изгрејсонце“ каде што еднаш заедно беа со некои девојки и оттаму, со кола, Еда го префрлија во Градската болница во Сан Диего.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- А, да, се сеќавам – рече мајка ми – тоа беше моја грешка, те однесов на концерт што ептен не одговараше за твоја возраст, затоа ти беше здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бев еднаш, се сеќаваш? Заедно бевме и одвај издржав до паузата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој ден случајно сретнав еден од оние луѓе од безбедноста со кои заедно бевме со џипот на погребот на Борко на гробиштата во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Така велиме за тој (тие) со кој (кои) заедно бевме во строј, во долгите ноќни маршеви под дожд или снег, во рововите и бункерите, во влажните и студени земјанки, на боиштата и заедно долги години ја голтавме горчината на поразот, искоренувањето и туѓината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секогаш порано дедо Бошко и внучето Мартин сѐ заедно беа, си го кажуваа она што на никој друг не се кажува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)