едноставно (прил.) - го (зам.)

Не прашувајќи го ни од каде иде ни на каде оди, Геро едноставно го грабна под рака и го поведе низ врволицата, викајќи му на уво: „Има цел век како не сме се виделе!”, како да не му се обраќаше на Ване туку на сиот оној народ што им се тргаше од патот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Не“, реков. „Јас воопшто и не ја силував; таа едноставно го бараше тоа од мене“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го сакав него како никој друг во животот. Едноставно го сакав.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мала и неважна фигура во политичкиот живот на една мала земја, човек кого судбината едноставно го поврза со предизвикот на големите настани, а тој не се двоумеше како треба да се одговори.“ Професор – доктор на науки Лазар Јовановски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Политичарот може да функционира само како иманенција - поразен или победник, додека уметникот го опишува случајот творејќи го својот артефакт, а мудрецот едноставно го врти грбот и си оди, сѐ му е јасно однапред, едноставно го боли и за бабуните и за политичарите и за уметникот и неговите трауми. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 26
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)